top of page
Лого составено од Цветот на животот, до него испишано Хармони, Платформа за Личен Развој

"Кога ќе сретнете некого запомнете дека тоа е света средба. Како што гледате на него, така ќе гледате на себеси. Како што се однесувате кон него, ќе се однесувате кон себеси. Како што размислувате за него, така ќе размислувате за себеси. Никогаш не го заборавајте ова, бидејќи во него ќе се пронајдете себеси или ќе се изгубите себеси"- Курс на Чудата

За Нас

Оваа страна “за нас” би требало да ви ги каже сите причини зошто треба да работите со нас. Но, ние нема да ви кажеме дека ви е потребно да работите со нас. Вие имате внатрешен водич кој ви кажува што е најдоброто за вас. Како  што и погоре наведената мисла кажува, не постојат случајности, тоа е начинот како и ние пристапуваме во нашата работа и животи. Ние веруваме дека луѓето кои треба да се сретнат, ќе се сретнат; луѓето кои треба да работат заедно, ќе работат заедно.  

  • Facebook
  • YouTube
  • Instagram
heart-700141_1920.jpg

Дозволете да ви кажеме малку повеќе за тимот кој стои зад Хармони и што е тоа што не мотивира да ја работиме работата која ја работиме.

Јасмина Ристеска
Каспжиковски

Прочитај повеќе...

Јасс.png

Јасмина Ристеска Касшприковски е родена во Скопје, 1979 година. Таа е Магистар по Меѓународен менаџмент на човечки ресурси, на Кингстон универзитетот во Лондон.

Нејзината лична борба со анксиозноста ја мотивираше да научи повеќе  за функционирањето на човечкиот ум. Таа завршува голем број на обуки за личен развој во Европа и светот, вклучувајќи ги Event Wise Personal Development Programme (Холандија), SPARKS Transformational Personal Development Programme (Велика Британија),  The Work of Byron Katie (Германија), Когнитивна бихевиорална терапија, Простувањето како процес, Толкување на соништата, итн.

Во последните неколку години, Јасмина постојано е на релација Скопје- Лондон, каде живее со својот сопруг и работи како коуч.

Јагода Ристеска Џејмс

Прочитај повеќе...

102914665_303949757435937_18137271118838

Јагода Ристеска е родена на 07.02 1979 во Скопје, заедно со нејзината сестра близначка Јасмина. Основното и високото образование ги завршува во Скопје, додека пак магистратурата по Бизнис Психологија ја завршува на Универзитетот на Источен Лондон.

Инспирирана од внатрешните процеси низ кои минува една индивидуа и потребата да одговори поинаку на сопствените животни предизвици, Јагода започнува со низа обуки за личен развој, вклучувајќи Event Wise Personal Development Programme, во 2014 година (Холандија), Choice, 2015 година (Холандија), The Work of Byron Katie, 2016 (Германија), Family and Business Constellations, 2016 (Холандија), Coaching, 2017 (Холандија).

Во животот сѐ почнува од идеја. Така беше и со Хармони. Но, пред да се роди идејата за Хармони, се случуваше една вистинска животна битка: долгогодишна борба со анксиозност и панични напади, лутина и обвинувања кон другите, гледање на себеси како на жртва и отпор кон реалноста која ја живеевме.

На патот на нашето себеспознавање се среќававме со различни учења, луѓе и искуства, од кои научивме многу! Тоа што почна како лична потрага по поисполнет и посреќен живот, продолжи како давање поддршка на многумина други на нивниот пат кон себеспознавањето. Таа поддршка доби многу поубава форма во платформата за личен развој Хармони.

Хармони е простор каде што го споделуваме целото наше знаење и искуство. Информациите што ќе ги прочитате на оваа платформа и програмите што Ви ги нудиме тука се многу лични за нас. Тие, всушност, се покана за еден поинаков начин на живеење.

Ве покануваме да работиме заедно за да создадеме живот каков што заслужуваме сите да живееме!

Да растеме и да блеснеме преку себеспознавањето!

Со Љубов,

Хармони

bottom of page