top of page
Лого составено од Цветот на животот, до него испишано Хармони, Платформа за Личен Развој
  • Facebook
  • YouTube
  • Instagram

Практикување на Благодарност

Gratitude.jpg

Редовното практикување на благодарност ни донесува многу позитивности. Најнапред, прави да се чувствуваме убаво. Благодарноста е фокусирана на она што го имаме, а не на она што ни недостасува. Со тоа, ни создава чувство на изобилство во моментот и  привлекува нови изобилства во нашите животи.

Постојат многу начини како да практикуваме благодарност. Изберете го оној кој најмногу соодејствува со вашата природа.

Целта на оваа практика е да ни покаже колку имаме, колку сме благословени во секој миг, дури и во миговите кога нашиот фокус е на недостигање на некого  или нешто.

Секојдневна благодарност

 

Секое утро пред станување, заблагодарете се за 3-5 нешта за кои сте благодарни што ги имате во животот. Секоја вечер, пред спиење, заблагодарете се за 3-5 нешта за кои сте благодарни што биле дел од вашиот ден.

 

Листа на благодарност

 

Направете своја листа на благодарност. На лист хартија, запишете ги нештата (луѓе, настани, успеси, карактеристики) за кои чувствувате благодарност што биле или се дел од вашиот живот. Дополнувајте ја и читајте ја оваа листа најмалку еднаш неделно.

 

Кутија на благодарноста

 

Создадете своја кутија на благодарноста. Секојпат кога ќе почувствувате благодарност  за присуството на некој или нешто во вашиот живот, напишете го на парче хартија и ставете го во кутијата. Одвреме навреме, одвојте време да се дружите со својата Кутија на Благодарноста, со тоа што ќе ги читате запишаните пораки.

 

Писмо на благодарност

 

Напишете писмо на благодарност на некого кон кој чувствувате благодарност. Личен избор е дали тоа писмо ќе го споделите со личноста за која е напишано или ќе го сочувате за себе. Чувството на благодарност кое го имате во себе додека го пишувате писмото е најскапоцениот подарок.

Започнете го и завршете го секој ден како богати луѓе

Моќтта на "БАШ МИ Е ГАЈЛЕ" (Техника)

bottom of page