

"Логиката ќе ве одведе од точка А до точка Б.
Имагинацијата ќе ве одведе секаде."-Др. Алберт Ајнштајн
Што е Коучинг?
Дали некогаш сте воделе разговор по кој сте се чувствувале збогатено со нова перспектива или по кој светот Ви изгледал посвежо? Дали сте воделе разговор по кој сте се чувствувале помоќно?
Коучингот е токму тоа: разговор воден од страна на тренер кој е обучен да Ви ги постави вистинските прашања со цел да ги пронајдете Вашите одговори.
Коучингот е разговор кој ќе Ве потсети дека моќта да го промените сопствениот живот, кој е привремено засенет зад Вашите убедувања и стравови и скриен зад Вашата несигурност, лежи токму во Вас.
Коучингот е уметност која ќе го отклучи Вашиот личен потенцијал за да го живеете животот за кој сонувате. Како процес, коучингот има моќ да Ви ги постави вистинските прашања со кои ќе ги дефинирате Вашите цели и ќе Ви помогне на структуриран начин да ги постигнете.
Дали сте подготвени да го живеете животот за кој сонувате и кој го заслужувате?
За поголем комфор, сите сесии се одржуваат онлајн преку скајп или друг медиум по заеднички избор.
.jpg)
За кого е наменет коучингот?
-
чувствувате потреба и сте мотивирани да промените нешто во личниот или во професионалниот живот;
-
имате конкретна цел, но не знаете како да ја остварите;
-
не можете да одлучите која патека во животот сакате да ја следите;
-
свесни сте за својот потенцијал, но постојат нешта кои Ве ограничуваат да го остварите тој потенцијал;
-
доживувате конфликт помеѓу личните, семејните и професионалните обврски.
За кого не е наменет коучингот?
-
се соочувате со психолошки проблеми и Ви е потребна психотерапија;
-
фокусирани сте кон тоа да ги промените луѓето околу Вас за да постигнете поголема лична среќа;
-
доколку ви е потребно менторство, обука или советувалиште. Меѓутоа, заедно со нив, коучингот може да даде многу поголеми резултати.
Со кого ќе работам?
Јагода Ристеска е родена на 7. 2. 1979 година во Скопјe. Основното и високото образование ги завршува во Скопје, а магистрира Бизнис психологија на Универзитетот на Источен Лондон.
Инспирирана од внатрешните процеси низ кои минува една индивидуа и потребата да одговори поинаку на сопствените животни предизвици, Јагода учествува на низа обуки за личен развој, вклучувајќи ги: Event Wise Personal Development Programme (Холандија, 2014 година), Choice (Холандија, 2015 година), The Work of Byron Katie (Германија, 2016 година), Family and Business Constellations (Холандија, 2016) и Coaching (Холандија, 2017 година).
Повеќегодишното искуство стекнато преку изучување и работа на полето на личен развој ја менува како личност, односно ја менува нејзината перцепција за светот, што допринесува таа да живее поспокоен и посреќен живот.
Нејзиното убедување е дека најголемата човекова слобода доаѓа од можноста да го промениме начинот на кој го гледаме светот околу нас, верувајќи дека нема ништо повозбудливо од живеење од место на љубов и лична слобода.
Зошто функционира коучингот?
Надвор од комфор зона
Нови перспективи
Максимизирање на потенцијалот
Колку ќе ме чини?
Првата воведна сесија е бесплатна. Оваа 45 минутна сесија е можност да се запознаете со својот коуч и да дискутирате во која насока сакате да работите. После воведната сесија ќе одлучите доколку сакате да се вклучите во програмата.
Постојат две можности да резервирате коучинг сесии:
Купување на пакет кој вклучува 3 сесии. Траењето на секоја сесија е 60 минути. Топло ви препорачуваме да ја изберете оваа опција бидејќи само низа на коучинг сесии можат да ви гарантираат вистинска промена.
Дополнително, со купување на целиот пакет однапред, добивате намалување на вкупната цена од 75 евра, и плаќате само 60 евра.
Исто така може да се одлучите и за купување на индивидуални сесии. Траењето на секоја сесија е 60 минути и чини 25 евра.