top of page
Лого составено од Цветот на животот, до него испишано Хармони, Платформа за Личен Развој

Што Претставува Бизнис Коучинг?

  • Facebook
  • YouTube
  • Instagram

Дали имате бизнис-идеја, но Ви недостасува јасна визија како да ја остварите? Или веќе со години водите свој бизнис и сакате да го проширите, да реализирате подобри бизнис-резултати или, пак, да создадете поголема благосостојба за Вас и Вашите вработени?

Бизнис-коучингот може да Ви помогне во тоа! Мојата работа е да Ви помогнам да ги спознаете Вашите бизнис-насоки, така што ќе се видите и себеси, и Вашиот бизнис, и другите околу Вас појасно.

brainstorming-business-plan-close-up-908

Без разлика дали го започнувате Вашиот бизнис сега или веќе со години сте претприемач, можете да имате придобивки од бизнис-коучингот.

Бизнис-коучингот е тука да Ви помогне успешно да „пловите“во комплексните бизнис-води, и тоа паралелно на две нивоа:

Личен Потенцијал

Бизнис Средина

  • Зацврстување на постоечките вештини

  • Свесност за слабостите

  • Усогласување на личните и организациските цели

  • Идентификување на препреките

  • Развој на Акционен План

  • Зацврстување на бизнис-врските

За поголем комфор, сите сесии се одржуваат онлајн преку скајп или друг медиум по заеднички избор.

Зошто Функционира Бизнис-Коучингот?

Бизнис-коучингот помага да станете свесни за сопствените потенцијали и ограничувања. Не можете да го промениме она што не го гледате.

Тренерот може да Ви даде објективно видување што е тоа што го правите за поддршка на Вашиот бизнис, како и што е тоа што го правите несвесно, а го попречува развојот на Вашиот бизнис. Вашиот тренер ќе Ве потсетува на целите кои сте си ги поставиле, ќе го следи Вашиот прогрес и ќе Ви дава искрена повратна информација.

Придобивки од бизнис-коучингот може да имате само ако сте подготвени да раснете. Без разлика на возраста или позицијата во организацијата, кон

посакуваната промена ќе можат да се движат само оние кои се отворени да ја препознаат потребата од развој, нови сознанија и вештини.

 

Со кого ќе работам?

 

Јагода Ристеска е родена на 07.02 1979 во Скопје. Основното и високото образование ги завршува во Скопје, додека пак магистратурата по Бизнис Психологија ја завршува на Универзитетот на Источен Лондон.

Инспирирана од внатрешните процеси низ кои минува една индивидуа и потребата да одговори поинаку на сопствените животни предизвици, Јагода започнува со низа обуки за личен развој, вклучувајќи Event Wise Personal Development Programme, во 2014 година (Холандија), Choice, 2015 година (Холандија), The Work of Byron Katie, 2016 (Германија), Family and Business Constellations, 2016 (Холандија), Coaching, 2017 (Холандија).

Повеќегодиншното искуство во изучување и работа на полето на личен развој ја менува Јагода како личност, нејзината перцепција за светот и допринесува таа да живее поспокоен и посреќен живот.

Таа верува дека најголемата човекова слобода доаѓа од можноста да го промениме начинот на кој го гледаме светот околу нас, верувајќи дека нема ништо повозбудливо од живеење од место на љубов и лична слобода.

Колку ќе ме чини?

Поради поголема флексибилност и комфор, сите сесии се оддржуваат online, преку Skype, Messenger или друг канал по заеднички избор.

Првата воведна сесија е бесплатна. Оваа 45 минутна сесија е можност да се запознаете со својот коуч и да дискутирате во која насока сакате да работите. После воведната сесија ќе одлучите доколку сакате да се вклучите во програмата.

Постојат две можности да резервирате коучинг сесии:

Купување на пакет кој вклучува 6 сесии. Траењето на секоја сесија е 60 минути. Топло ви препорачуваме да ја изберете оваа опција бидејќи само низа на коучинг сесии можат да ви гарантираат вистинска промена.

Дополнително, со купување на целиот пакет однапред, добивате намалување на вкупната цена од 150 евра, и плаќате само 120 евра.

Исто така може да се одлучите и за купување на индивидуални сесии. Траењето на секоја сесија е 60 минути и чини 25 евра. 

Во текот на резервирањето, ве молиме изберете помеѓу следните две опции

25 Евра

Индивидуална Сесија

120 Евра

Пакет од 6 Сесии

Забелешка: Резервирањето и наплатата на сесиите се врши преку онлајн системи и е на англиски јазик. Доколку преферирате да резервирате на македонски јазик, кликнете тука

Во случај на откажување на сесија во период помалку од 24 часа, ќе биде наплатен целиот износ.

bottom of page