top of page

Прочитајте го интервјуто со Бате од Швајцарија, кој ја заврши програмата Анксиозност и панични напади:

  • Колку долго доживуваше анксиозност пред вклучување во програмата?

Одговор: Повеќе од 20 години. Во одредени периоди доста интензивно, во одредени умерено, но секогаш присутна во половината од мојот досегашен живот.

  • Што точно доживуваше?

Одговор: Многу непријатно чуство. Чувство дека ми дошол крајот, умирам. Почнува со некоја чудна вознемиреност и претпоставка дека нешто не е во ред со мене, дишењето станува отежнато, почнуваат да ми се потат рацете, ми се тресат нозете, срцето ми чука екстремно брзо.

  • Како реагираше кога доживуваше анксиозност и панични напади пред програмата?

Одговор: Се избезумував. Не знаев што да направам во моментот. Едноставно како да се обидував да излезам од сопствената кожа. Неколку пати завршив на брза помош.

  • Дали користеше лекарства за состојбата?

Одговор: Да.

  • Како ја најде програмата на Хармони?

Одговор: На интернет.

  • Земено во целина, колку програмата ги исполни твоите очекувања?

Одговор: Да бидам искрен, програмата ги надмина моите очекувања.

  • Кој дел од програмата најмногу ти помогна (техниките, презентациите за промена на начинот на размислување, разговорот, друго)?

Одговор: Цело е кога има се :-) Комбинацијата од сето наведено дава резултат. Не би можел нешто посебно да издвојам нити сум свесен што највеќе допринесе да го променам начинот на размислување.

  • Дали после завршувањето на програмата, се чувствуваш посилен/на да се соочуваш со својата анксиозност?

Одговор: Дефинитивно ДА.

  • Дали после завршувањето на програмата сеуште доживуваш панични напади? Доколку да, дали со ист или помал интензитет отколку пред програмата?

Одговор: На почетокот да, но многу бргу го намалија интензитетот и секој нареден беше драстично послаб, за на крај да се сведат на, би рекол неуспешни обиди за паничен напад.

  • Дали би ја препорачал/а програмата на близок кој доживува анксиозност?

Одговор: Радо би ја препорачал на секој што доживува анксиозност.

  • Совети и насоки до другите кои доживуваат анксиозност и панични напади?

Одговор: Работете на себе. Клучот е во нас самите. Кога конечно ќе сфатите дека ништо и никого на овој свет не можеме да промениме освен нашето сопствено размислување и однесување, ќе ги прифатите работите како што се и конечно ќе може да ги погледнете од друга перспектива која ќе ви донесе мир.

Живејте единствено во сегашниот миг, само тој постои, се друго е илузија.

bottom of page