top of page
Прочитајте го интервјуто со Елена од Кочани, која ја заврши програмата Анксиозност и панични напади:
  • Колку долго доживуваше анксиозност пред вклучување во програмата?

 

     Одговор: 1 и пол месец во 2020. Во 2018, период од 3 месеци, и во 2016 и 2017 исто така.

 

 

  • Што точно доживуваше?

 

     Одговор: Најмногу тахикардија, несоница, ладна пот, немање концентрација, негативни мисли. И проблеми со желудникот.

 

 

  • Како реагираше кога доживуваше анксиозност и панични напади пред програмата?

 

      Одговор: Плачев, се прашував зошто ова ми се случува.

 

 

  • Дали користеше лекарства за состојбата?

 

      Одговор: Чаеви, валеријана и маточина.

 

  • Како ја најде програмата на Хармони?

      Одговор: На интернет барав и ги најдов видеата со техники.

 

  • Земено во целина, колку програмата ги исполни твоите очекувања?

 

      Одговор: Да, ми ги исполни очекувањата, ме научи техники, сега знам дека стравовите што ги доживував се нереални.

 

 

  • Кој дел од програмата најмногу ти помогна (техниките, презентациите за промена на начинот на размислување, разговорот, друго)?

 

      Одговор: Разговорот, техниката со задржување на здивот и дијафрагмично дишење. Медитациите.

 

 

  • Дали после завршувањето на програмата, се чувствуваш посилен/на да се соочуваш со својата анксиозност?

 

      Одговор: Да, и кога се плашам, си кажувам на себе си нека биде што треба да биде.

 

  • Дали после завршувањето на програмата сеуште доживуваш панични напади?

 

      Одговор: Панични напади не, но зголемена анксиозност да, само моментално во стресни ситуации.

 

 

 

  • Дали би ја препорачал/а програмата на близок кој доживува анксиозност?

 

      Одговор: Да

 

  • Конструктивна критика, што ти сметаш дека треба да се промени во програмата, да се додаде или одземе? (Ја цениме искреноста бидејќи тоа ни помага да ја унапредиме самата програма)

 

      Одговор: Немам критика, како утеха ми беше да разговарам, да ги слушам советите и насоките кои ги добивав.

 

 

  • Совети и насоки до другите кои доживуваат анксиозност и панични напади?

 

      Одговор: Стравовите се нереални, иако ни дишат над нас. Нема никаква опасност, искажете се себе си. Иако непријатни, симптомите се нереални и ќе поминат. После дождот доаѓа сонце.

bottom of page